Фото: Дафина Стојановска / Икс

Личи како безбедносните служби да ги снимале Трендафилов и неговите деца, вели професорот Пивоваров

Снимката која ја објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на која се гледа лидерот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов заедно со неговите деца, е професионална и индицира на работа на безбедносните служби, смета поранешниот шеф на военото разузнавање и професор по безбедност Владимир Пивоваров.

Тој во изјава за „Рацин.мк“ вели дека снимката дефинитивно не е аматерска, на што според него укажуваат редица знаци: снимено е од статив, со хоризонтален формат каков што ретко се гледа на снимките од телефоните. Потоа, снимката е апсолутно мирна, а видеото има голема јаснотија и контраст, што исто така укажува на тоа дека снимателот е професионалец, вели Пивоваров.

„Такви снимки службите прават од автомобили со затемнети, посебни, стакла, кои овозможуваат чист поглед кон надвор и добро снимање, а кон внатре не се гледа ништо. Опрема за ваков вид на следење имаа само АНБ и Јавна безбедност на МВР“, додава професорот.

Тој вели дека пратеничката Стојановска мора да одговори на прашањата од каде ја добила снимката, но и дека надлежните служби, Обвинителството, треба веднаш да преземат истрага. Според професорот, со снимката е направено кривичното дело Демнење, што уште повеќе ја изразува потребата пратеничката да открие кој стои зад него.

Стојановска видеото го објави за да ја открие наводната злоупотреба на Трендафилов – тоа што тој користел службен автомобил на ССМ за приватни потреби. По ова, претседателот на ССМ денеска на прес-конференција побара на Стојановска да ѝ биде одземен пратеничкиот имунитет и таа кривично да одговара за објавената снимка од неговите деца.

Трендафилов во изјава за „Слободен печат“ објасни дека видеото е направено во Велес, каде тој бил откако доцна навечер имал емисија во Скопје, а утрото требало да оди на работа во Скопје со истиот автомобил.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Иван Пешевски, потпретседател на ССМ: Газдите возат „порше“, а работниците им висат на скеле до 64 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот