Вивиен Џена Вилсон - Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Трансродовата ќерка на Илон Маск во проѕирна маица ѝ оддаде почит на лезбејската култура

Вивиен Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, привлече големо внимание со своето појавување на Париската модна недела. Таа се појави на ревијата на модниот бренд Acne Studios, каде беше претставена новата женска колекција за есен и зима. За оваа пригода избра впечатлива модна комбинација – проѕирна маица, кожни панталони и сако. Изгледот го надополни со очила за сонце, ѓердан и мала чанта.


Вивиен позираше расположено пред фотографите, а нејзиниот изглед брзо привлече внимание и на социјалните мрежи. Многумина ѝ упатија комплименти за стилот и појавата.

„Прекрасна е“, „Освен што е убава, има и одлична харизма“, „Ќе ја освои модната сцена“, „Ја обожавам Џена“, се дел од коментарите што се појавија на интернет.

Ревијата ја следеше од првиот ред заедно со актерките Розана Аркет и Лесли Биб.

По настанот, на социјалните мрежи објасни зошто ја избрала токму таа модна комбинација.

– Облеката што ја носев на ревијата на Acne Studios беше стилизирана како омаж на квир и лезбејската култура. Модата често се инспирира од различни заедници и со децении црпи идеи од нив – напиша таа.

Вивиен додаде дека ова е нејзината омилена модна комбинација што досега ја носела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот