ВИДЕО | Трансродовата ќерка на Илон Маск го возврати „ударот“ на својот татко: „Јас изгледам добро за мртва ку*ка, а ти не“
Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, на шега одговори на изјавата на својот татко во која се вели дека неговиот син Хавиер (како што порано се викаше) е „убиен“ од „воук“ вирусот.
Препорачано
Терминот „воук“ вирус се користи од луѓе кои сакаат да ја опишат прекумерната посветеност на прогресивните ставови за кои се залагаат демократите. Маск верува дека на Вивијан ѝ е испран мозокот токму со овие ставови.
„Мојот син Хавиер умре. Го уби вирусот „воук“ . Сега „воук“ вирусот ќе умре“, напишал Маск неодамна на „Икс“.
Вилсон го споделила скриншотот од овој негов твит на ТикТок и снимила видео:
„Изгледам поприлично добра за мртва ку*ка“, а во описот на видеото навела: „А ти не“.
Видеото досега е прегледано речиси осум милиони пати и има повеќе од милион лајкови.
@vivllainous And you don’t. #fyp #trans ♬ original sound – RuPaulEdits1
За потсетување, таа неодамна даде интервју за тинејџерскиот „Вог“ во кое зборуваше за несогласувањата кои ги има со нејзиниот татко.
„Тој е патетичен детски човек. Зошто би се плашела од него? „Тој е толку моќен“. „Не, не, не. Не ми е гајле. Дали треба да се плашам од него затоа што е богат?“, изјави таа.


