Фото: илустрација / Roman Pilipey/EPA-EFE

ВИДЕО | Трагедија во кинески рудник за јаглен, над 90 луѓе загинаа во експлозија на гас

Експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина одзеде најмалку 90 животи, според државните медиуми, пренесе „Еуроњуз“.

„Спасувачките напори се уште се во тек. Бројот на жртвите сè уште се пресметува“, објавиja кинеските медиуми, додавајќи дека девет лица сè уште се водат како исчезнати.

Не е јасно колку луѓе останале заробени во рудникот во покраината Шанкси.

Претходно, државната новинска агенција Ксинхуа објави дека нивоата на јаглерод моноксид „ги надминале границите“ во рудникот за јаглен Лиушенју во градот Чангжи.

Јагленот е клучен извор на енергија во Кина, кој напојува повеќе од половина од потрошувачката на енергија во земјата, и покрај напорите во последните години за одвикнување од фосилни горива.

Шанкси е главен центар за кинески јаглен и дом на рударска индустрија со позната историја на безбедносни инциденти.

Експлозијата се случила во 19:30 часот по локално време (1:30 часот по средноевропско време) во петокот, во момент кога 247 рудари биле под земја.

ВИДЕО | Разгневена толпа запали болнички центар за ебола во Конго

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот