ВИДЕО | Тошевски блескаше со хет-трик во победата на Клагенфурт во австриската Бундеслига
Денеска во 23 коло од најсилното австриско фудбалско првенство во групата за опстанок, А. Клагенфурт со 3:2 како гостин го совлада Хартберг.
Препорачано
Најзаслужен за победата на Клагенфурт беше македонскиот репрезентативец Давид Тошевски (23) кој ги постигна сите три голови.
Нашиот играч најпрвин израмни на 1:1 во судиското надополнување од првиот дел (45+2`).
Потоа, стрелаше за водство од 2:1 во 63 минута, а победата ја донесе во 84 минута за поставување на конечниот епилог.
Головите на Тошевски можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА
Тошевски досега има пет голови оваа сезона во австриската Бундеслига во 16 настапи за својот тим.
Ова се важни бодови за Клагенфурт кој се бори и за место кое води во плеј-офот на Конференциската лига следната сезона.
Следниот меч Клагенфурт ќе го има на домашен терен на 5 април против последнопласираниот Алтах.
Toshevski-Dreierpack! Klagenfurt gewinnt in Hartberg ⚽
Zum Spielbericht: https://t.co/Z4qDAEu82I#SkyBuliAT #HTBSKA pic.twitter.com/5RpbRdCr3l
— Sky Sport Austria (@SkySportAustria) March 29, 2025


