ВИДЕО | Тони Михајловски: Пробав да играм претстава пијан, мозокот ми се блокираше

Фото: Промо

Тони Михајловски и неговиот син кој е исто така познат актер, Александар Михајловски отворија свое актерско школо. За тоа меѓудругото Тони раскажа во емисијата „Еден на Еден“, во новогодишното издание. Но, раскажа и уште приказна од времето кога тој бил студент.

– Еднаш како студент на „Скомрахи“, млад театар, требаше да се игра една вежба, меѓутоа ја откажуваа. Ќе се игра, нема да се игра. И јас се начукав. “Скомрахи“, славење, сите академии од Југославија тука- нема да се игра вежбата. И потоа рекоа дека ќе се игра во 12. Тоа беше „оф програма“. И ајде, ќе се игра во 12. И јас “ќунка“. Излегувам на сцена, ајде ќе пробаме. Првпат во живот пробувам на алкохол. И на сцена кога ќе излезам, како да имам еден огромен увијач. Ај, што ми е бе? И паника една кога ме фати. Научен текст, но ми се блокира мозокот и не можам да изговарм. И после тоа се обидов уште еднаш на проба. Се познава кога си пијан, само ти мислиш дека не се познава. И тоа е убавото“, рече Тони и додаде дека потоа веќе никогаш не бил под дејство на алкохол на сцена.

Целата новогодишна емисија со Тони е достапна на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ на овој линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот