ВИДЕО | Тодор Петров: Ова сценарио ќе го гледаме 365 дена на сите гробишта и сите споменици во државата

Тодор Петров, претседател на СМК/Фото: Слободен печат/Мето Здравев

Тодор Петров, претседателот на Светскиот Македонски конгрес со делегација пристигна на чествувањето на Гоце Делчев, пред црквата Св. Спас и изрази стравување дека доколку не се внесат етничките Бугари во Уставот, провокациите од Бугарија ќе продожат и понатаму.

-Ова сценарио ќе го гледаме 365 дена во годината, на сите гробишта и сите споменици во државата визави ордите коишто ќе доаѓаат од Бугарија од инсталации кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија. Ако оваа држава има власт требаше да ги спречат провокаторите да влезат уште на границата. 25 години одиме на чествување на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир и секогаш наоѓале начин автобусите на организираните Македонци кои сакаат да го чествуваат Јане Сандански да бидат спречени да влезат во Бугарија, истото се случува и со Грција. Имам забрана за влез со образложение опасност по националната безбедност на државата Грција. Такви мерки можеше и оваа влада да примени,  нагласи Петров.

Претседателот на СМК реагираше што тие што предизвикуваат тензии и што му се заканија со атентат на претседателот Пендаровски ќе бидат спроведени со полициска придружба до гробот на Гоце Делчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот