ВИДЕО | Тимот на Шекил Онил победник на „Ол-стар“ турнирот, Стеф Кари МВП
Tимот кој го избра Шекил Онил и кој изгледаше како мини-американска репрезентација победи на „Ол-стар“ турнирот кој оваа година за првпат се играше во нов формат.
Препорачано
Во финалето тимот на Шек беше подобар од составот кој го правеше Чарлс Баркли со резултат 41:25. Составот на Баркли беше како селекција на светот бидејќи беше составен од повеќе европски кошаркари како: Никола Јокиќ, Шеј-Гилџес Александер и Виктор Вембанјама.
Победата тимот на Шек ја најави така што поведе со 11:0, а бидејќи се играше додека некоја екипа не постигна 40 поени, јасно беше дека составот на Баркли нема премногу шанси.
The 2025 #NBAAllStar Champions… Shaq’s OGs! pic.twitter.com/sPVcE39WAC
— NBA (@NBA) February 17, 2025
Џејсон Тејтум беше најефикасен со 15 поени, Кари уфрли 12, додека Вембанјама на спротивната страна постигна 11.
За МВП на натпреварот беше прогласен Стеф Кари и ваквото признание е второ за него, откако истото го освои и во 2022 година.
Steph Curry wins the Kobe Bryant Trophy as the 2025 #KiaAllStarMVP!
In front of the home fans in the Bay ?? pic.twitter.com/bfa9ezFxtc
— NBA (@NBA) February 17, 2025


