ВИДЕО: Тијаго Мота прави чуда, Болоња храбро гази кон Лигата на шампионите

Фудбалерите на Болоња ја слават победата над Салернитана/фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Болоња во изминатите пет сезони обично ја завршуваше сезоната на средината на табелата во Серија А, но годинава покажува врвни резултати.

Вкупно 22 години италијанскиот фудбалски клуб нема европски настапи, а сега играчите предводени од тренерот Тијаго Мота имаат одлична шанса не само што да се вратат на меѓународната сцена, туку од следната сезона да игра во групите на Лигата на шампионите.

Денеска во рамките од 30 коло во италијанскиот шампионат на домашен терен со 3:0 ја совладаа екипата на Салернитана

.

Головите во победата ги постигнаа Орсолини во 13 и Саелемакерс во 44 и Ликојанис пред самиот финиш на мечот (90+2`).

На табелата моментно е на четвртото место со 57 бодови, два помалку од третопласираниот Јувентус.

Во понеделникот се одиграа уште два натпревари Каљари – Верона и Сасуоло – Удинезе кои завршија со ист резултат 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот