ВИДЕО | Раотинце во опасност: Вардар и натаму надоаѓа, мештаните во паника бараат помош

Фото: Скриншот

Вечерва водостојот на реката Вардар во селата во тетовската општина Јегуновце е зголемен за дополнителни десет сантиметри и постои голема опасност реката да се излее во повеќе маала во селото Раотинце, информираат за „Слободен печат“ од месната заедница.

Оттаму споделија ново видео од вечерва, на кое може да се види дека ситуацијата е критична и дека водостојот на Вардар е на највисоката кота.

„Досега се поплавени 15 објекти во селото, но има поголема штета на земјоделската површина. Нивите ни се под вода, сега тие ниви сезонава нема да можеме да ги искористиме. Имавме пред повеќе од еден месец излевање на Вардар, чекавме да се исуши земјата за да се засади нов расад, но сега повторно се нивите под вода. Итно ни е потребна помош. Било која институција нека дојде, нека помaга, оти работата е сериозна. Ние како месна заедница, како жители, ќе дежураме во текот на цела вечер и сега моментално сме пред реката оти ако не дежураме, може и водата да влезе во нашите соби додека спиеме“, изјави Васко Јанчевски од месната заедница Раотинце.

Мештаните велат дека од ЦУК ги информирале дека попладнево водата која во Вардар се испушта од хидроцентралата Вруток во гостиварско е запрена, со што, како што им појасниле, ќе се намали водостојот на реката, но тие велат дека сликата на терен вечерва е сосема поинаква.

По секои поројни дождови, Вардар со години и децении се излева и поплавува домови и ниви во неколку села во општината Јегуновце. Најкритично е во соседните Раотинце и Копанце. За решавање на проблемот, потребна е регулација на коритото на реката, за што е изготвен проект, но досега нема никаква реализација на терен, и покрај многубројните ветувања на властите.

ВИДЕО: Се излеа Вардар кај тетовското село Раотинце, поплавени се куќи и ниви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот