Хорот „Балтепе“ најавува спектакл – ќе настапи на впечатливото место Пештер кај Јегуновце
Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово за недела (5 април) напладне најави несекојдневно музичко искуство за посетителите кои ќе го проследат концертот, поставен на една од најпотценетите пештерски локации во Македонија, Пештер во Јегуновце. Хорот „Балтепе“ е предводен од најистакнатата македонска хорска диригентка, Јасмина Ѓорѓевска-Каро, а тој е формиран во септември лани и досега има …

