Фото: ДЗС

ВИДЕО | Ангелов: Најтежок е пожарот во „Јасен“, во Јегуновце загубивме контрола над еден крак од пожарот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека вчера имало повеќе од 30 пожари на отворен простор, од кои најопасен сè уште останува пожарот во НП „Јасен“ и соопшти дека утринава пожарникарите загубиле контрола на дел од пожарот во Јегуновце, кој уште е активен.

„Во текот на вчерашниот ден имавме повеќе од 30 пожари на отворен простор, од нив во овој момент два се најсериозни. Најтежок пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола од еден крак од пожарот во Јагуновце каде што гори рид на кој се поставени репетитори кои успеавме да ги спасиме, но пожарот е сè уште активен“, соопшти Ангелов.

Тој додаде дека во гаснење на пожарот во Јегуновце делува еден полициски хеликоптер и верува дека денеска овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола.

Исто така, од ДЗС информираа дека утрово на терен бил и премиерот Христијан Мицкоски, кој се сретнал со дел од екипажот кој го гасне пожарот во НП „Јасен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот