ВИДЕО: Тешка сезона за Ислами, имаше послаб резултат во квалификациите на ЕП во Минхен

Дрита Ислами Бафтири
Дрита Ислами Бафтири / Фото: Приватна архива

Дрита Ислами се најде на последното место во трката на 400 метри со пречки во квалификациите на Европското првенство во атлетика кое се одржува во Минхен, Германија.

Резултатот на македонската атлетичарка е 1:01.56 мин. што е далеку послабо време од нејзиниот личен рекорд кој е воедно и македонски рекорд, 57.53 секунди.

Преку социјалните мрежи се огласи нашата натпреварувачка која вели дека има тешка сезона.

– Борејќи се со повреди цела сезона и пред две недели повторно имав Ковид, по вторпат оваа година, па дури и не се чувствував доволно конкурентна, решив да трчам и да го дадам најдоброто од себе на ЕП, но она што го научив е дека морам да обрнам внимание на моето здравје на прво место. Сега се фокусирам на 2023 година и да имам убав почеток следната сезона – напиша Ислами на Фејсбук.

Со овој настап на Ислами заврши учеството на нашите атлетичари на ова ЕП, во понеделникот во маратонската трка настапи и Дарио Ивановски, но не успеа да ја заврши трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот