ВИДЕО | Тешка несреќа во Хрватска: камион со македонски таблички удрил во далновод и се запалил, возачот загинал

Возач на камион со македонска регистрација загинал во страшна сообраќајна несреќа што се случила на автопатот А3 во Хрватска, во близина на Славонски Брод, пренесуваат хрватските медиуми.

Тешката сообраќајна несреќа се случила вчера околу 14:15 часот, кога камионот излетал од коловозот, удрил во далновод и се запалил. Возачот загинал на самото место.

Иако од полицијата е потврдено дека целосно изгорениот камион е со македонска регистрација, засега не се знае идентитетот на возачот.

Специјални екипи работеле и на санација на оштетената електроенергетска мрежа. Сообраќајот на автопатот поради тоа бил во прекин околу половина час.

„Полицијата продолжува со утврдување на сите околности на несреќата и идентитетот на загинатото лице“, соопштија од полицијата.

Според надлежните служби, камионот ја пробил средишната банкина. удрил во столб од светилка и преминал на спротивната, северна коловозна лента. Потоа повторно удрил во банкината и во друг столб.

Пожарникарите тешко се пробиле до местото на несреќата

Интервенцијата на пожарникарите била значително отежната бидејќи поради големиот сообраќаен метеж тешко се пробивале до камионот во пламен. На фејсбук-страницата „Пожарникари – 193“ е објавена снимка која покажува дека возачите на автопатот не направиле итен коридор за поминување на интервентните возила.

„Сообраќајната култура – ГОЛЕМА 0 (нула)“, стои во описот на објавеното видео.

На снимката се гледа и како пожарникарите биле принудени да излезат од возилото и лично да ги насочуваат возачите да го ослободат патот. Еден од пожарникарите кој учествувал во интервенцијата потврдил со какви проблеми се соочиле.

„На секој надвозник има плакат со кој се повикуваат возачите во случај на несреќа да направат итен коридор, но секогаш има и такви што не го почитуваат тоа. На другото доброволно противпожарно друштво му требаше помош, бараа асистенција, но ние десет минути не можевме да се пробиеме низ гужвата“, рекол пожарникарот за Нова ТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот