Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Tенисерка предаде меч на Ролан Гарос откако се сопна на рекламите

Рекламните панели поставени зад терените на Ролан Гарос повторно се најдоа во центарот на вниманието и предизвикаа нов бран критики, откако турската тенисерка Зејнеп Сонмез доживеа сериозна повреда за време на меч во двојки.

Сонмез, во обид да стигне една топка, незгодно се сопна од рекламата покрај теренот и претрпе повреда поради која не можеше да го продолжи натпреварот. Мечот бил прекинат уште по само два одиграни гема.

Ова не е прв инцидент поврзан со рекламите на годинашното издание на турнирот. Пред неколку дена сличен проблем имаше и Александар Блокс, кој го свитка глуждот токму поради поставените панели, по што јавно упати критики кон организаторите на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот