ВИДЕО | Тања и Предраг прославија 26 години брак: Со песна во дует ги поздравија своите фанови

Фото: Принтскрин / Instagram

Еден од најпознатите брачни и актерски парови, Тања Кочовска –  Павловска и Предраг Павловски неодамна прославија 26 години од нивниот брак.

Популарната актерка на социјалните мрежи сподели прекрасно видео на кое во придружба на нејзиниот сопруг изведуваат песна на грчки јазик со која на хуморитичен начин го одбележа јубилејот од 26 години поминати во брак.

Тања и Предраг одлично се забавуваат додека ја изведуваат песната со која ги одбројуваат годините поминати во брак иако Павловски и дава предност на својата сакана сопруга со прекрасен глас да доминира во изведбата.

Под објавата на Тања не престануваат да се нижат коментари од нивните пријатели, кои им посакуваат уште многу години заеднички живот исполнет со љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот