ВИДЕО | „Тампонот беше во мене 90 дена, за малку ќе умрев“: Манекенката била на работ на смртта
Маура Хигинс, поранешната учесничка на многу популарното реално шоу „Љубовен остров“, за малку ќе умрела од синдром на токсичен шок (ТСС) откако три месеци ѝ се заглавил тампон! Станува збор за синдром, пишува „Дејли мејл“, кој често се поврзува со употреба на тампони кај млади жени, но може да го погоди секого на која било возраст, вклучително и мажи и деца и може да биде фатален доколку не се лекува веднаш.
Препорачано
View this post on Instagram
Во емисијата „Шопинг со Кит Лемон“, Хигинс (31) го опиша своето „многу лошо искуство“ во обид да ги предупреди другите за ризиците.
„Јас не сум лекар, не знам многу за тоа, но знам дека не смеете да оставите тампон повеќе од, мислам дека се девет часа, верувам дека тоа е максимумот. Во мене имав тампон за три месеци. Кога лекарот го пронајде, беше залепен за грлото на матката. А јас бев толку болна. Не знаев што се случува…“, раскажала Хигинс. Таа не објасни експлицитно како се случило да го заборави тампонот, но навести што всушност се случило.
„Младите девојки можеби нема да го забележат тоа, тоа е како кога ќе одите на ноќно излегување, па многу сте се опијаниле и сте заборавиле. Такви работи навистина се случуваат, а луѓето не зборуваат за тоа“, вели Хигинс, која за важна тема го смета и срамот што го чувствувате кога мора да промените тампон или влошка во текот на менструацијата.
„Се сеќавам дека додека уште бев на училиште, вадев тампон од торба, го буткав во ракавот и потоа одев така во тоалет. Сега кога ќе размислам, се прашувам – зошто сум го правела тоа? Нема од што да се срамите, затоа мислам дека е важна тема, нели?“, вели Хигинс.
Синдромот на токсичен шок се јавува кога бактериите влегуваат во телото. Потенцијална опасност може да биде и само изгореница или некоја друга повреда. Најчесто се јавува кај помлади жени за време на нивниот менструален циклус, пренесува „Irish Mirror“.
View this post on Instagram
Кога ќе дојде до продор на стафилококите или стрептококите во крвотокот, тие ослободуваат многу опасни токсини. Симптомите обично започнуваат со ненадејна висока температура над 38,9 степени. За неколку час, се развива клиничка слика слична на грип, која вклучува главоболка, болки во грлото и мускулите и кашлица. Потоа следуваат гадење, повраќање, несвестица, вртоглавица, конфузија.
Неопходно е веднаш да се делува со антибиотици, а понекогаш да се даде и кислород. Пациентот треба да пие многу течности, а лекарот можеби ќе треба да препише и лекови за контрола на крвниот притисок.


