ВИДЕО | Талибанците освојуваат град по град во Авганистан

Талибанци во Авганистан. / Фото: EPA/SAOOD REHMAN

Жестоки судири избија денеска меѓу авганистанската армија и талибанците во центарот на Кундуз, главниот град на провинцијата, по што градот падна во рацете на Талибанците.

„Кундуз падна“, изјави дописник на АФП. Градот стана трет покраински штаб што го освоија Талибанците за само два дена, а борбите сега продолжуваат за четвртиот главен град на покраината.

– Безбедносните сили се повлекоа кон аеродромот – изјави за агенцијата АФП, член на провинцискиот совет, Амрудин Вали.

Тој денеска изјави дека Талибанците зазеле клучни владини згради во градот, но дека војската сепак го контролира аеродромот и неговата база.

– Талибанците стигнаа до централниот плоштад во Кундуз, но тие беа бомбардирани од воздух. Во градот владее целосен хаос – рекол жителот Абдул Азиз.

Талибанците во петокот и саботата ги зазедоа главните градови на две оддалечени провинции, Оринџ на југозапад и Шеберган на север.

Ако успеат да го освојат Кундуз, тоа ќе биде победа без преседан и чекор кон враќање на власт.

Кундуз е голем трговски центар помеѓу Кабул, сместен 300 километри на југ и државата Таџикистан.

Судирите меѓу авганистанските владини сили и Талибанците се интензивираат низ целата земја, бидејќи меѓународните сили предводени од САД се повлекуваат по 20 години војна.

Талибанците окупираа големи рурални области во последните три месеци, а цивилите избегаа од некои области, создавајќи нова бегалска криза.

„Освојувањето на Кундуз е навистина важно бидејќи ќе им ги ослободи рацете на голем број талибански борци кои ќе можат да се мобилизираат на друго место на север“, изјави Ибрахим Туријал Бахис, консултант на Меѓународната кризна група (МКГ).

Неспособноста на Кабул да го задржи северот на земјата под своја контрола може да се покаже како клучна за шансите на владата да преживее.

Северен Авганистан отсекогаш се сметал за седиште на отпорот на Талибанците, кои владееја со земјата од 1996 до 2001 година. Брзото напредување на Талибанците на терен ги изненади набљудувачите, но и авганистанските безбедносни сили, и покрај помошта на американските воздухопловни сили.

Авганистанската влада не одговори на загубата на провинциските центри, само вети дека наскоро повторно ќе ги ослободи.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот