Фото: Инстаграм/Дајан Китон

ВИДЕО | Непосредно пред смртта Дајан Китон го оствари својот животен сон: „Не можам да поверувам“

Помалку од една година пред својата смрт, 79-годишната легендарната актерка Дајан Китон го оствари својот долгогодишен сон, стана пејачка. Ѕвездата на филмовите „Љубовта нема правила“ и „Ени Хол“, Дајан Китон, го објави својот прв соло сингл, божиќната песна „First Christmas“, десет месеци пред смртта.

„Не можам да поверувам дека конечно е тука! Мојот дебитантски божиќен сингл излегува во петок, на 29 ноември“, напиша тогаш Дајан возбудено на Инстаграм, со фотографија на која позира во својот препознатлив стил – со црна ролка и панталони со точки. Таа додаде дека е „толку возбудена што конечно може да ја сподели оваа песна со сите“.

Китон, која во 2022 година соработуваше со пејачката Ејш на песната „Love Is Letting Go“, со години јавно зборуваше за својата љубов кон музиката. Во едно интервју во 2014 година призна дека отсекогаш сонувала да биде пејачка во ноќни клубови. „Ја имав таа фантазија уште во раните дваесетти. Имав неколку настапи, но, искрено, не бев многу добра“, изјави таа тогаш низ смеа.

И покрај тоа што го опишуваше својот глас како „многу ограничен“, страста кон пеењето никогаш не ја напушти.

„Ја сакам музиката. Сакам да пеам балади и тажни песни, многу го сакам тоа“, призна актерката која со децении ги освојуваше гледачите со својот шарм.

Дајан Китон почина на 11 октомври во Калифорнија, а веста ја потврди семеен портпарол. Освен што го оствари својот музички сон, таа беше и една од најценетите актерки на својата генерација, позната по улогите во бројни филмови, а за култниот „Ени Хол“ освои и Оскар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот