ВИДЕО | Светскиот економски форум започнува во Давос во сенка на аспирациите за Гренланд на Трамп
Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) започна вчера во швајцарскиот туристички град Давос, со учество на глобални личности од политиката, бизнисот, академијата и граѓанското општество на петдневниот настан, пренесува Ал Џезира.
Препорачано
Годишниот форум, кој се обидува да ги обликува глобалните агенди, доаѓа во време на огромни глобални превирања.
Официјалната програма на Светскиот економски форум пак започнува денес, а предвидени се обраќања на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на францускиот претседател Емануел Макрон и на кинескиот потпретседател Хе Лифенг.
Исто така, се закажани настани со американскиот секретар за финансии Скот Бесант, државниот секретар Марко Рубио како и специјалниот пратеник Стив Виткоф.
Годишниот состанок е во сенка на изразената желба на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Трамп, исто така, сака да одржи состанок на својот „Одбор за мир“ за Газа на годишниот собир, според извештајот на „Блумберг њуз“.
На Форумот во Давос ќе присуствуваат и сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, канадскиот премиер Марк Карни, катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим Ал Тани, претседателот Феликс Чисекеди од Демократска Република Конго, кинескиот вицепремиер Хе Лифенг и украинскиот претседател Володимир Зеленски се меѓу оние кои ќе присуствуваат на самитот на СЕФ.
Организаторите велат дека се очекуваат и 55 министри за економија и финансии, 33 министри за надворешни работи, 34 министри за трговија, трговија и индустрија и 11 гувернери на централни банки.
Меѓу технолошките титани што се најавени да бидат присутни се Јенсен Хуанг од „Енвидија“, Сатја Надела од „Мајкрософт“, Демис Хасабис од „Гугл ДипМајнд“ и Артур Менш од француската „Мистрал АИ“.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и генералниот директор на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала, се меѓу неколкуте високи функционери од меѓународни институции.
Протести во Давос
Околу две илјади луѓе демонстрираа вчера вечер, во Цирих, по повик од левичарски партии и организации, во знак на протест против доаѓањето на американскиот претседател на форумот во Давос, држејќи транспарент на кој пишуваше „Трамп не е добредојден!“.
Zürich: Krawalle bei Demonstration gegen das #WEF26. Polizei beendet Blockade mit Wasserwerfer und setzt Tränengas sowie Gummigeschosse gegen gewaltbereite, teils vermummte Personen ein. Aufgerufen zur bewilligten #SmashWEF-Demo haben linksextreme Gruppierungen wie die #Antifa. pic.twitter.com/eZq9rc5Dkr
— LIVE1 (@LIVE1TV) January 20, 2026
„Нема СЕФ, нема олигархија, нема империјалистички војни!“, пишуваше на друг транспарент што го држеа демонстрантите во центарот на градот.
Швајцарската новинска агенција Keystone-ATS изброи повеќе од 2.000 демонстранти.
„Повеќе од кога било, Светскиот економски форум е вистински циркус каде што олигарсите, авторитарните лидери и бизнис шефовите се собираат и дискутираат како да ги одржат своите компании профитабилни. Ние сме тука да изјавиме дека припаѓаме на глобалниот отпор против авторитарните лидери и фашизмот и затоа демонстрираме во Цирих“, изјави за АФП еден од организаторите, Филип Шмит од крајно левичарското Движење за социјализам.
Protesters took aim at the World Economic Forum by projecting a giant image of US President Donald Trump onto a Davos ski slope alongside the slogan ‘Spirit of Plutocracy’ pic.twitter.com/25nH52blpl
— Reuters (@Reuters) January 20, 2026
„Важно е за нас да протестираме против учеството на авторитарни лидери (…) како што се Трамп и Исак Херцог, израелскиот претседател, одговорни за геноцидот врз палестинскиот народ“, се пожали тој, додавајќи дека смета дека е „особено важно да се демонстрира за солидарност и за свет без конфликти“.
Околу 3.000 учесници се собираат во овој скијачки центар во швајцарските Алпи за состанокот, за време на кој до четврток ќе се дискутира за глобалната економија, трговијата и вештачката интелигенција под општиот наслов „Духот на дијалогот“.
Меѓу нив се бројни врвни политичари и стотици бизнис лидери.


