ВИДЕО: Судии во Љубљана избркаа од салата 87-годишна легенда во натпревар од АБА 2 лигата
Срамна судиска одлука ја обележаа полуфиналната пресметка меѓу Илирија и Босна во АБА 2 лигата, откако од салата во еден момент беше отстранет човекот кој важи за легенда на југословенската и словенечката кошарка, Иво Данеу.
Препорачано
Во натпревар во кој Илирија со победа ќе обезбедеше историски пласман во елитната АБА лига, победата ја однесе Босна, па патникот во најсилното регионално натпреварување ќе се добие на мајсторката во Сараево.
Но, резултатот падна во втор план поради несекојдневната одлука на судиите да го избркаат 87-годишниот Иво Данеу од салата Тиволи во Љубљана. Незадоволен од неколку спорни судиски одлуки, кошаркарската икона реагираше гласно од трибините, по што судиите решија да го отстранат од салата.
Инцидентот ја шокираше јавноста, но и словенечкиот спортски коментатор кој во преносот потсети дека токму во оваа сала, Данеу во 1970 година ја круниса својата кариера со светска титула со Југославија.
What a disgrace from @ABA_League2. The refferees removed basketball legend Ivo Daneu from the hall – in the same hall Ivo won the World Championship tittle in 1970. 🤠🤠🤠 pic.twitter.com/fqnKaICx3s
— Matic Burjak (@burito_69_) May 7, 2025


