Полициско возило / Фото: Слободен печат, архива

ВИДЕО | Страшна несреќа во Америка, автобус удри шест возила — загинаа петмина, над 30 луѓе се повредени

Полицијата сè уште ја истражува несреќата со повеќе возила. Првичните сознанија покажуваат дека автобусот „не забавил пред сообраќајот“ и удрил во шест возила пред работната зона.

Петмина загинаа, а повеќе од триесет луѓе се повредени откако автобус во американската сојузна држава Вирџинија удрил во шест возила, соопшти полицијата, објави „Би-би-си“.

Несреќата се случила рано утринава, на јужната страна од автопатот „Интерстејт 95“, кога сообраќајот забавувал поради работна зона, соопшти државната полиција на Вирџинија.

Најмалку 34 луѓе биле пренесени во болница, од кои тројца се во критична состојба, се наведува во полициското соопштение. Петтемина загинати се наоѓале во возилата во кои удрил автобусот.

Полицијата сè уште ја истражува несреќата со повеќе возила. Првичните сознанија покажуваат дека автобусот „не забавил пред сообраќајот“ и удрил во шест возила пред работната зона. Засега не е познато за што бил ангажиран автобусот, ниту, пак, кој се наоѓал во него.

Според соопштението, се очекува да бидат поднесени обвиненија.

Полицијата соопшти дека смртоносната несреќа се случила околу 2:35 часот по локално време во петокот, во округот Стафорд. Јужните ленти биле затворени седум часа по несреќата, а сообраќајот бил пренасочен.

Патот подоцна бил целосно отворен, изјави за „Би-би-си“ портпаролот на државната полиција на Вирџинија, Метју Демлајн.

На фотографиите објавени од полицијата се гледа оштетениот автобус во тревната површина покрај автопатот.

„Си-би-ес њуз“, објави дека 19 луѓе биле пренесени во болницата „Мери Вашингтон“ во блискиот Фредериксбург. Петмина од нив биле пуштени дома, а двајца пациенти остануваат во критична состојба.

Уште 12 пациенти биле пренесени во болницата во Стафорд и подоцна биле отпуштени.

Портпарол на полицијата за локален медиум изјавил дека во близина на местото на првичната несреќа се случиле уште две сообраќајни несреќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот