ВИДЕО | Стотици луѓе протестираа во Албанија против луксузниот проект на зетот на Трамп
Демонстрантите побараа и оставка од премиерот Еди Рама, обвинувајќи дека неговата влада го овозможила проектот со измена на Законот за заштитени подрачја. Критичарите тврдат дека законската измена била направена специјално за проектот поврзан со Кушнер.
Стотици луѓе вчера протестираа во Албанија против изградбата на луксузен резорт кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Сињуз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Протестот се одржа пред премиерскиот кабинет во Тирана, еден ден откако приватни обезбедувачи, ангажирани од инвеститорот „ „Звернец саут адријатик девелопмент“, насилно се судрија со жители на туристичката област Звернец.
Жителите се обиделе да влезат во заграденото градилиште, тврдејќи дека нивните имоти биле неправедно одземени преку процес на експропријација.
Демонстрантите побараа и оставка од премиерот Еди Рама, обвинувајќи дека неговата влада го овозможила проектот со измена на Законот за заштитени подрачја, усвоена во парламентот во февруари 2024 година.
Со таа измена, заштитените зони во Албанија биле отворени за развој на туристички комплекси со пет ѕвезди.
Критичарите тврдат дека законската измена била направена специјално за проектот поврзан со Кушнер.
Проектот, чија вредност според локалните медиуми се проценува на околу 4 милијарди долари (3,43 милијарди евра), опфаќа приближно 250 хектари во рамките на мочуришниот и лагунскиот екосистем Нарта–Звернец.
Ова предизвика силно противење од локални и меѓународни организации за заштита на животната средина.
Инвеститорот навел дека проектот ќе се одвива по строго законски процедури, тврдејќи дека истиот ќе создаде повеќе од 10.000 работни места.
Компанијата предупреди и дека ќе преземе правни мерки против секој што ќе се обиде да го попречи проектот.
Според албанскиот деловен регистар, „„Звернец саут адријатик девелопмент“, основана во август 2024 година, е во сопственост на холандската компанија „Јуниверзал пропрертис проџектс БВ“. Локалните и меѓународните медиуми тврдат дека компанијата е поврзана со Кушнер.
Во јануари 2024 година, Кушнер и неговата сопруга Иванка Трамп, второто дете на Доналд Трамп, ја посетија Албанија за да го промовираат проектот за изградба на луксузен комплекс во земјата.
Активистите најавија дека протестите ќе продолжат и во понеделник.
Џаред Кушнер лани ја изрази својата намера да изгради луксузен хотел вреден 500 милиони долари на место на зградата на Генералштабот во Белград разурната во бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Проектот се откажа откако предизвика бројни протести и критики.
Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ, секретарката на Министерството за култура Славица Јелача, в.д. директорот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, Горан Васиќ и в.д. директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата на град Белград, Александар Ивановиќ, во врска со незаконитостите при отстранувањето на статусот на културно добро од зградата на Генералштабот.
Објектот, оштетен во НАТО-бомбардирањето во 1999 година, има статус на симболично место за многу Срби.
Џаред Кушнер доби статус на стратешки инвеститор во Албанија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
29мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


