Фото: Screenshot

ВИДЕО | Стив Кер ги загуби нервите, сакаше да се тепа со судиите

Тензична беше атмосферата на дуелот меѓу Лос Анџелес клиперс и Голден стејт изминатата вечер, а во центарот на вниманието се најде тренерот на гостите, Стив Кер.

Искусниот стратег беше исклучен поради жестоки протести кон судиите, откако доби две технички грешки. Кер целосно ја загуби контролата, па неговите асистенти и дел од кошаркарите мораа да го задржуваат додека се расправаше со арбитрите.

На крајот, Клиперси излегоа како победници во драматичен финиш, славејќи со 103-102, и тоа без Џејмс Харден во составот. Прво име кај домашните беше Кавај Ленард со 24 поени, 12 скокови и пет асистенции.

ВИДЕО: Денвер и без најдобрите ја победи Филаделфија, Шарлот ја прегази Оклахома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот