Denver Nuggets

ВИДЕО: Денвер и без најдобрите ја победи Филаделфија, Шарлот ја прегази Оклахома

Иако многумина прогнозираа лесна победа за Филаделфија поради бројните отсуства кај Денвер, Нагетс приреди вистинско изненадување. Со борбена и пожртвувана игра, Денвер по едно продолжение стигна до триумф од 125-124. Во исто време, Оклахома доживеа дебакл пред својата публика, откако беше убедливо поразена од Шарлот со 124-97.

Денвер настапи без неколку клучни играчи, Јокиќ, Мареј, Гордон, Валанчиунас, Хардавеј и уште неколкумина, но и покрај тоа тимот најде сили да слави. Натпреварот беше неизвесен од почеток до крај. Во завршницата на регуларниот дел Денвер водеше со 120-115 на нешто повеќе од една минута до крајот, но не успеа да постигне поен, што Филаделфија го искористи за да израмни. Имаше и шанса за победа, но без успех, па мечот влезе во продолжение (120-120).

Во дополнителните пет минути драмата продолжи. На четири секунди пред крајот, при резултат 123-124, Денвер беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а потоа одигра цврста одбрана за конечна победа од 125-124.

Пикет беше прво име кај победниците со 29 поени, додека Вотсон додаде 24. Кај Филаделфија, Ембид доминираше со 32 поени и 10 скокови.

Од друга страна, најдобриот тим во лигата, Оклахома, го претрпе вториот пораз по ред, и тоа убедлив, откако Шарлот целосно го надигра на гостински терен. Милер блесна со 28 поени за Хорнетс, додека кај Оклахома најрасположен беше Џиџилс-Александер со 21 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот