ВИДЕО: Ставре Јада го освои 89. место на крос-контри трката во Кортина

Највозрасниот и најискусен член на македонската олимписка делегација, Ставре Јада, го имаше првиот настап за Македонија на Зимските олимписки игри во Кортина, стартувајќи на денешната крос-контри трка.

Јада квалификациската трка ја заврши на 89. место меѓу вкупно 94 натпреварувачи со време од 03:59.56 и 52 секунди заостанување за првопласираниот Клаебо.

Македонскиот репрезентативец во Кортина ќе има уште еден настап, кој е закажан за 13 февруари. Претходно, на 12 февруари од 13 часот, своето деби ќе го има и Ана Цветановска, која ќе се натпреварува на трката на 10 километри во женска конкуренција во нордиско скијање.

Официјален распоред на настапите на македонските спортисти на Зимските олимписки игри

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот