ВИДЕО | Ставете 3 обични сунѓери во фрижидерот: Трикови кои ќе ви заштедат многу нерви и пари!
Повеќе нема фрлање на овошјето и зеленчукот бидејќи тие се расипале само неколку дена откако сте ги купиле…
Идеите кои доаѓаат од обичните луѓе се навистина неверојатни и корисни!
На пример, дали знаевте дека доколку ставите три сунѓери во фиоката од фрижидерот во која го чувате овошјето и зеленчукот, тоа ќе ви помогне да заштедите многу нерви и пари?
Имено, на овој начин, вишокот влага ќе се апсорбира низ сунѓерите, а овошјето и зеленчукот нема да се расипуваат со толкава брзина и нема да морате постојано да фрлате дел од нив.
Истите сунѓери можат да ви трајат 15-ина дена, а потоа е пожелно да ставите нови.
Дали можеби го мразите мирисот од лук и кромид кога ќе ги исецкате? Пробајте го трикот со паста за заби, а тој може да ви помогне и кај ефектното чистење на белите патики!
Погледнете го видеото полно со трикови кои ќе ви го олеснат животот…