ВИДЕО | Стара снимка го разобличи Орбан: Нафтата може да доаѓа од Исток, но слободата секогаш од Запад
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денес познат како најгласен противник на санкциите и ограничувањата на Европската Унија кон Русија, во минатото имал сосема поинаков став. Стара снимка од 2007 година, објавена повторно на платформата X од унгарскиот новинар Саболч Пањи, го прикажува младиот Орбан како жесток критичар на руското влијание во Источна Европа.
Препорачано
„Нафтата може да доаѓа од Исток, но слободата секогаш доаѓа од Запад. Демократијата не може да се контролира одозгора, таа може да расте само од срцата на луѓето и како таква да овозможи удобен живот во Унгарија“, изјавил Орбан во 2007 година, кога бил лидер на опозицијата и остро се спротивставувал на проруските политики во земјата.
💥“Oil may come from the East, but freedom always comes from the West.”
One of Viktor Orbán’s best lines from his anti-Kremlin phase (2007). Then he met Vladimir Putin one-on-one in 2009—and everything changed. These days, his inner circle profits heavily from Russian oil deals. pic.twitter.com/dxgTqlasVM
— Szabolcs Panyi (@panyiszabolcs) October 20, 2025
Новинарот Пањи потсетува дека само две години по тој говор, во 2009 година, Орбан се сретнал приватно со рускиот претседател Владимир Путин, што, според него, го означило пресвртот во неговата политика.
„Една од најдобрите изјави на Виктор Орбан од периодот кога беше против Кремљ. Потоа во 2009 година се сретна приватно со Путин – и сè се промени. Денес неговиот внатрешен круг заработува многу пари од руските нафтени договори“, напиша Пањи.
Политички пресврт што ја дефинираше унгарската надворешна политика
По враќањето на власт во 2010 година, Орбан постепено ја насочи Унгарија кон популистичка и проруски ориентирана политика, отворено спротивставена на Брисел. Денес, тој и словачкиот премиер Роберт Фицо се сметаат за најблиските поддржувачи на Русија во рамките на ЕУ, особено во контекст на војната во Украина и европските санкции против Москва, пишува Индекс.хр.
Иронијата на видеото, според унгарските коментатори, е очигледна: човекот кој некогаш предупредуваше дека „слободата доаѓа од Запад“, денес е најгласниот европски бранител на Истокот.


