ВИДЕО | „Среќна сум што сум жива“: Холзи проговори за тешката здравствена борба
Американската пејачка и композиторка Холзи (29) проговори за своето здравје. Иако не откри со какви проблеми се соочила, таа навести дека станува збор за лупус и леукемија бидејќи во својата објава на Инстаграм таа означи непрофитни организации кои се занимаваат со тие прашања.
Препорачано
Таа објави серија фотографии и видеа од болницата на оваа социјална мрежа. „Накратко, среќна сум што сум жива“, напиша пејачката и откри дека снимила нов албум и дека веќе е објавена првата песна наречена „The End“. Во песната таа вели: „На секои неколку години, лекарот ме известува дека сум болна“.
Во видеото што го објави, 29-годишната пејачка вели: „Си реков дека си давам уште две години за да бидам болна. Кога ќе имам 30 години, тогаш повторно ќе се родам и нема да бидам болна. Ќе изгледам супер згодно, ќе имам енергија и ќе ги повторам моите дваесетти во триесеттите“.
Холзи и претходно отворено зборуваше за своите здравствени проблеми, велејќи: „Бев болна поголемиот дел од мојот возрасен живот“. Таа открила дека здравјето ѝ се влошило пред две години. Меѓу другото, таа се лекуваше од ендометриоза и Сјогренов синдром.


