ВИДЕО | Србите загрижени: Митровиќ се повреди на два месеци пред Европското првенство

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Фудбалерите на Ал Хилал во натпревар со седум гола го совладаа Ал Шабаб со 4:3. Српскиот напаѓач Александар Митровиќ кој игра во одлична форма постигна два гола на овој натпревар, но и се повреди во 34. минута од натпреварот.

Поради повредата Митровиќ мораше да биде заменет, а како што може да се види на снимката при излегувањето од теренот и едвај се движеше.

Исто така Митровиќ имаше проблеми и по завршувањето на натпреварот бидејќи воопшто не можеше да нагази на десната нога, па му требаше и помош за спуштањето по скалите.

Во Србија повредата предизвика голема загриженост бидејќи доаѓа на само нешто повеќе од два месеци пред почетокот на Европското првенство во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот