ВИДЕО | Србиновски: Сиромаштијата мора да се третира како системска грешка, а не како личен избор

Д-р Бојан Србиноски, Фајнанс Тинк/Фото: Слободен печат

Сиромаштијата посебно детската е повеќедимензионална и вклучува повеќе фактори како недостиг од образование, економските потешкотии, недостигот на љубов и грижа, насилството во домот и недостигот од слободни активности.

-Сиромаштијата во државава постои. Пред се како системска грешка, а не како личен избор, посебно не на децата. Постои недостаток на системски решенија како и подетално разбирање на проблемот, посебно на детската сиромаштија. Постојат два аспекти во дефинирање на сиромаштијата, едниот е перцепцијата на сиромаштијата, вториот недостатокот на креирани политики. За сиромаштијата не се виновни родителите туку системот. Сиромаштијата не е личен неуспех. Потребно е да функционира системот, кога некој ќе влезе во сиромаштија, системот да му помогне и да излезе од неа, вели д-р Бојан Србиноски, од Фајнанс Тинк.

Тој нагласи дека сиромаштијата се мери преку монетарни мерила, но не секогаш таа мерка е релевантна и добро пресликува што се случува во сиромаштијата, додава професорот.

-Првиот аспект за мерење на сиромаштијата е доходот како средство да се оствари некоја цел. Се утврдува праг на доход и се под него се води како сиромаштија, но тоа е комплекен проблем. Потребно е прво да знаеме што е сиромаштијата и да ја разбереме нејзината комплексност, потоа да ги вградиме мерките со кои располагаме како репер како ќе ги диктираме политиките, односно да се вгради во институциите ваквото мерење. Но нашиот интерес е целта, објаснува д-р Србиноски.

Тој зборуваше за сиромаштијата во руралните и во урбаните средини, како и според етничката припадност во државава.

-Најсиромашни се источниот и југоисточниот регион, а по нив доаѓа скопскиот и полошкиот регион. При пресметките на сиромаштија тука е вклучен и интензитетот на сиромаштија. Во полошкиот регион,на пример имаме поинтензивна сиромаштија во одредени случаи. Интересно е во резултатите кои ги добивме нема поголема разлика во руралните и урбаните средини, расликата е тоа што таа се базира на различни аспекти, вели за УБ Д-р Бојан Србиноски од Фајнанс тинк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот