Фото: EPA/YANNIS KOLESIDIS

ВИДЕО | Скандал: Уредник на српска телевизија го нарече Ѓоковиќ „пропаднат тенисер“

Најтрофејниот српски спортист и еден од најголемите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, повторно се најде на мета на провладините медиуми во Србија, откако јавно изрази поддршка за граѓанските и студентските протести против власта на Александар Вучиќ.

Главниот уредник на таблоидот „Информер“, Драган Вучичевиќ, остро го нападна Ѓоковиќ, нарекувајќи го „пропаднат тенисер“, откако Ноле застана во одбрана на мајка која со штрајк со глад бара правда за својот загинат син во Нови Сад.

Ѓоковиќ претходно објави порака во која ја осуди нечовечноста и цинизмот кон жената што ја преживува најголемата болка:

„Болката на мајката не смее да биде предмет на исмејување. Постојат само човечност или нејзино отсуство“, стоеше во објавата на Новак.

Ова не е изолиран напад, туку дел од подолготрајната медиумска кампања против Ѓоковиќ, која, според повеќе набљудувачи, се интензивираше откако тенисерот јавно ја изрази својата поддршка за младите кои протестираат во Белград. Според многумина, токму притиссокот врз Новак е причината поради која тенисерот го пресели турнирот од Белград во Атина каде што и во иднина ќе живее.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот