ВИДЕО | Спиеле во приколка во близина на несреќата: Гледавме како гори, но не можевме да помогнеме од силниот оган

Илија Николов очевидец
Илија Николов, очевидец од трагичниот настан/ Фото BTV

Сведок за трагичниот настан на автопатот „Струма“ е меѓу првите што се јавиле на бројот 112 и ја пријавил автобуската несреќа. Тој за БТВ открива детали за трагедијата. Илија Николов заедно со уште двајца колеги работат на локација на 500 метри од местото на несреќата. Заедно со колега работеле на свлечиште во близина на патот и тој е меѓу првите кои посведочиле на несреќата. Вели дека тие спиеле во приколка во близина на местото, кога слушнале силен звук како да пукнала гума, а потоа виделе оган.

Веднаш се упатиле кон автобусот, но не можеле да се доближат и да помогнат бидејќи, како што вели тој, огнот се проширил многу брзо и високата температура од пламените јазици не дозволувала тие да се доближат.

„Слушнав звук, но не можев да разберам што е тоа. Со колегата се спуштивме долу до Кулата и видовме дека нешто гори во заштитната ограда. Тогаш видовме како огнот постепено се засилува одзади. Пријдовме и сакавме да помогнеме, но немаше начин. Веќе беше многу топло, не можевме да се доближиме до автобусот”, вели сведокот.

Според него, веќе имало луѓе кои излегле од автобусот и биле на левата лента на патот.

„Зборуваа некој непознат јазик, не разбрав од каде се. Многу возачи застанаа и исто така притрчаа да помогнат на преживеаните. По 17-18 минути дојде полиција. Кога дојде, се качивме горе. Додека слегуваме надолу гледаме како горат парчиња гума”, додава сведокот Илија.

Тој вели дека мирисало на изгорено, но не почувствувал мирис на гориво. Дали заштитната ограда ја спречила задната врата да се отвори, не може да се присети затоа што се се случило многу брзо и било многу темно.

Видеото од изјавата на Николов може да ја погледнете ОВДЕ.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот