ВИДЕО | Спасовски за бегството на Груевски: Извади голема сума на пари, беше следен, а Катица Јанева не презеде ниту една мерка

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зборуваше за деталите од бегството на експремиерот Никола Груевски пред повеќе од две години кое се случи исто така во неговиот мандат по кое тој не поднесе одговорност за случајот.

-Да преземам морална одговорност за тоа што го работат секторите со кои што раководам. Ако има пропуст, да, но таму нема пропуст. Истрагата ако покаже одговорност кај било треба даима не морална, политичка, туку кривична одговорност. Бегството на Груевски е нешто што најмногу не разочара сите нас – и политичарите и граѓаните. Тој беше олицетворение на криминалот. И тогаш истата ситуација се случува. Имаме состојба во која што тој вади голема сума на финансиски средства, Управата за финсиско разузнавање тоа го следи, ја доставува информацијата до Јавното обвинителство, до Катица Јанева и не се презема ниту една мерка да се обезбеди заштита. Уште тогаш се сеќавате дека јас реков дека почнувам да се сомневам во СЈО. Затоа што не може ако ги составувате информациите тие да не се проследуваат понатаму или да не бидат индиција дека може да ни се случува нешто. Затоа многу е важно да имаме легислативна реформа, но исто така и исто толку важно е да го смениме нашиот ум во перцепирањето и размислувањето. Да знаеме што е тоа што треба да правиме, да бидеме многу поодговорни према државата и граѓаните и затоа со сите сили треба да удриме на криминалот и корупцијата, дециден е Спасовски.

-Нерви сите изгубивиме и тоа е многу очекувaно да се биде вознемирен и гневен, заради тоа што џабе вие како влада преземате реформи, сет мерки итн… а ви се случи ваков настан. Во јавноста секако дека ваквите настани го нагризуваат интегритетот. Но ако е така, тогаш системот треба сериозно да се подобрува, да се влечат политички одлуки кои ќе значат консолидација н атој систем и да се знае дека секој еден шпто нема да помогне во битката против криминалот ќе сноси одговорност. И тука нема топло-ладно, рече министерот Спасовски.

ВИДЕО | Спасовски: Се води истрага за бегството на Мијалков, цело време беше во Скопје

ВИДЕО | Спасовски: Немаше пазарење со Мијалков, опозицијата размислува многу детски

ВИДЕО | Спасовски за Мијалков: Тој што е приведен има само една мисла во глава – како да избега и ништо друго

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот