ВИДЕО | Спасовски за Мијалков: Тој што е приведен има само една мисла во глава – како да избега и ништо друго

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Утрински Брифинг се осврна на пропустите поради кои околу 40 часа обвинетиот екс директор на УБК Сашо Мијалков беше недостапен за органите на прогонот. 

-Многу саати се изгубени во подготвувањето на решенијата за притвор и клучот на проблемот е токму тука. Генерално мора да го консолидираме системот. Што значи тоа – ако видите дека во одреден сегмент тој систем не е функционален, тој мора да се подобрува. Тој што е приведен пред лицето на правдата има само една мисла во главата – како да избега и ништо друго. Ние, државата мора да биде подготвена, институциите мора да функционираат да се создаде систем кој што ќе овозможува брза, ефикасна и навремена акција. Системот функционира кога сите заедно, делуваме во одреден момент. Се изврши притисок, се разговараше за постапки наблокада на имот, приведување на лицата кои биле во неговото опкружување. Тоа е притисокот кој што го прави системот во одреден момент. Кога зборувам за неговата нефункционалност и консолидација, треба да видиме кои се сегашните законските норми. Тие го предвидуваат патот по кој што одиме сега, рече Спасовски за „Утрински Брифинг“ на Слободна ТВ.

Според министерот се менуваат многу работи во однос на системските промени.

-Реформата во безбедносите служби, скратувањето на можноста на прислушувањето, формирањето на оперативно-техничката агенција, започна прочистувањето на судството. Сето ова е реформа, но реформа не може да се случи преку ноќ. Сите заедно мора да процениме и да видиме ако имаме можност преку одредена законска промена да го направимем системот поефикасен, тогаш да го направиме. И затоа не треба да бидеме многу ние паметни. Дајте да ги видиме анализите како постапуваат во другите држави, рече Спасовски.

 

ВИДЕО | Спасовски: Се води истрага за бегството на Мијалков, цело време беше во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот