колумбиски авион фото: принтскрин/ X

ВИДЕО | Најмалку 48 луѓе се спасени по падот на воен авион во Колумбија

Најмалку 48 луѓе се спасени од остатоците од воениот транспортен авион со 125 лица во него, кој се урна денеска кратко по полетувањето во југозападна Колумбија, а бројот на жртви сè уште не е утврден, соопштија официјални лица на таа јужноамериканска земја, пренесе Би-би-си.

Министерот за одбрана Педро Санчез објави на социјалната мрежа X дека авионот превезувал војници кога се случила трагичната несреќа во Пуерто Легуизамо, во амазонската покраина Путумајо, која граничи со Перу и Еквадор.

Сликите споделени на интернет од колумбиските медиуми покажаа црн облак од чад што се издига од полето каде што се урна авионот и камион што превезува војници како брза кон местото на несреќата.

Командантот на колумбиските воздухопловни сили, Карлос Фернандо Силва, подоцна објави видео во кое се наведува дека на авионот „Херкулес Ц-130“  имало 125 лица – 114 патници и 11 членови на екипажот.

Силва рече дека најмалку 48 лица се спасени, а спасувачките операции на местото на несреќата сè уште се во тек.

 

Колумбиски воен авион со 110 војници се урна при полетување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот