ВИДЕО | Собраниската пресметка меѓу Адеми и Милошоски од друг агол

Фото: принтскрин

На социјалните мрежи се појавија нови снимки од денешниот сериозен инцидент во Собранието, кога претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбр Адеми од ДУИ и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ физички се пресметуваа.

Тензиите ескалираа кога, по цели два часа одолговлекување на седницата со процедурални забелешки од опозициските пратеници, Адеми го стави на гласање дневниот ред, на кој беше предлогот на власта за продолжување на работниот век на судиите и обвинителите, заведен под „европско знаменце“.

Тогаш, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја опколија говорницата и местото на Адеми и прво Дафина Николовска, а потоа и Антонијо Милошоски, веројатно во обид да го исклучат микрофонот на претседавачот, стискаа копчиња и го влечеа кабелот. Адеми потоа стана и неколкупати го удри пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ по раката, што е веројатно моментот во кој пратеникот од ДУИ ја расекол својата рака, како што беше објавено.

Претседателот на комисијата потоа ја подигна шолјата за кафе која беше пред него и ја фрли кон опозициските пратеници. По ова, тој фрли и други предмети, а со шише за вода го погоди Милошоски, кој во еден момент му вели: „Удри, ајде удри!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот