ВИДЕО: Скандал во Собранието, пратеник од ДУИ дивее, пцуе и ја крши опремата

Фото: принтскрин

Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ, кој е и претседател на Комисијата за европски прашања, денеска дивееше во Собранието, пцуеше и со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков објави снимка од агресивното однесување на Адеми, кој е и поранешен министер за образование. На снимката се слуша како пратениците му викаат „Кај се наоѓаш“ додека тој со тацна фрла и ја крши собраниската опрема.

„Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите“ од власта“, напиша пратеникот Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот