Никол Кидман и Сајмон Бејкер / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA / Instagram

ВИДЕО | Снимка од Никол Кидман со поранешниот сопруг на нејзината пријателка ги „разгоре“ гласините за нивната романса

Кратка снимка од актерите Никол Кидман и Сајмон Бејкер ги „запали“ социјалните мрежи и дополнително ги „разгоре“ гласините за нивната наводна романса, додека од нивниот близок круг се слушаат сè повеќе поделени реакции.

Додека обожавателите на серијата „Скарпета“ со нетрпение ја очекуваат новата сезона, односот меѓу двајцата главни актери – Никол и Сајмон сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста. Кратко видео објавено од „Амазон студиос“ покажа момент што многумина го протолкуваа како нешто повеќе од колегијална хемија, пишува „Дејли мејл“.

Во видеото, во кое се појавуваат и Џејми-Ли Кертис и Боби Канавале, Кертис открива дека снимањето на втората сезона е веќе во полн ек. Но, наместо самото соопштение, фокусот брзо се префрли на однесувањето на Кидман и Бејкер.

Актерката, која неодамна наполни 58 години, застана многу блиску до Бејкер и небрежно и донекаде кокетно ја стави раката на неговото рамо. Таа возбудено извика „уау“ и заигра, свртувајќи се кон Бејкер, кој ја возврати со палава насмевка и крената веѓа.

Сето ова доаѓа откако се појавија тврдења дека поранешната сопруга на Бејкер, Ребека Риг, е „шокирана и збунета“ од гласините за нивната врска. Риг и Бејкер беа во брак од 1998 до 2020 година, а таа и Кидман се пријателки уште од детството.

– Таа ја сака Никол како сестра, поминале низ многу работи заедно и сè е многу тешко за неа да го разбере – изјавил извор за „Њу ајдија“.

Исто така, се вели дека Ребека е незадоволна што ниту Кидман ниту Бејкер не ја контактирале откако се појавија фотографии од нив како се држат за раце на премиерата на серијата.

– Ребека е целосно во темнина за нивната врска. Многу заеднички пријатели мислат дека држењето за раце беше само евтин трик за реклама. Сепак, однесувањето на двојката дополнително ги поттикна сомнежите. Начинот на кој тие избегнуваат прашања и поминуваат сè повеќе време заедно им дава тежина на гласините – додал тој.

Инаку, Кидман и Бејкер играат брачен пар во серијата „Скарпета“, а на премиерата во Њујорк беа видени како се држат за раце и се смешкаат. Потоа актерката призна дека нивната хемија „едноставно вибрира“, додека Бејкер додаде со смеа: „Не сум тип на личност што открива тајни по бакнување“.

Во исто време, странските медиуми пишуваат дека поранешниот сопруг на Кидман, Кит Урбан, наводно тешко ја поднел целата ситуација, особено затоа што сè се случува релативно брзо по нивното раскинување минатата година.

ФОТО | Од светски арени до палуба на крузер – Поранешниот сопруг на Никол Кидман си најде скромна работа по скапиот развод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот