Фото: Screenshot/Instagram

ВИДЕО | Снимаше рели трка од шахта во Хрватска и предизвика бурни реакции

Фотограф објави видео на својот Инстаграм и за кратко време собра два милиони прегледи од рели-трка во Хрватска, но снимката брзо се прошири и предизвика реакции од ФИА и Хјундаи.

Станува збор за Матео Лели, кој искористил шахта покрај патот за да сними што поекстремни сцени од трката.

Неговото видео брзо стана вирално, но истовремено наиде и на остра осуда.

„Ова не треба да се прави ниту на тркачка патека, а камоли на рели-брзински испит. Не доаѓај повеќе на трки“, порачаа од Хјундаи.

Остра реакција стигна и од ФИА.

„Апсолутно нема оправдување за вакво однесување. Кога се доведувате во опасна позиција, не ја ризикувате само сопствената безбедност, туку и безбедноста на екипажот, како и на сите луѓе околу вас. Секогаш останете во зоните предвидени за гледачи и не бидете причина за прекинување на брзинските испити“, порачаа од ФИА.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matteo Lelli (@shot.by.matte)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот