Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон - Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia

ВИДЕО | Смеење и одлична забава: Вилијам и Кејт уживаа играјќи традиционална шкотска игра на мраз

Принцот Вилијам и принцезата Кејт отпатувале во Шкотска, каде, како што изгледа, добро се забавувале. Посетиле традиционален паб и пробале да играат карлинг, популарен спорт во Велика Британија.

Членовите на кралското семејство се забавувале играјќи ја традиционалната шкотска игра карлинг и се сретнале со олимпискиот и параолимпискиот тим на Велика Британија пред Зимските олимписки игри, пренесува „Би-би-си“.

Карлингот, во кој играчите лизгаат камења по мразот кон целното поле, е еден од најуспешните зимски спортови за британскиот тим на олимписките и параолимписките игри, со освоени шест олимписки и две параолимписки медали.

Брус Муат, играч во машката екипа на карлинг и еден од членовите на мешаните двојки, изјавил:

„Беше прекрасно, навистина убаво што дојдоа да ни посакаат среќа во следниот месец што треба да го започнеме, двајцата беа прекрасни и спремни да се забавуваат со карлинг“.

Сепак, принцот и принцезата наскоро сфатиле колку овој спорт е предизвикувачки по краткото воведување во фрлањето на каменот. Принцот Вилијам успешно го совладал овој необичен спорт и при тоа се опуштил, а ни принцезата Кејт не била ништо помалку вешта од својот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот