ВИДЕО | Слушнете ја новата песна на Лозано – „Ме нервираш“
Денеска Влатко Лозаноски – Лозано го прославува својот роденден, а по тој повод, Влатко на својата верна публика ја почести со нова песна.
Препорачано
Станува збор за летна песна со „заразен“ текст и мелодија, a нејзиниот наслов е краток и јасен: „Ме нервираш“. Aвтори на истата се Лазар Цветкоски, односно музика и аранжман, додека пак текстот е дело на Магдалена Ена Цветкоска – тимот со кој Лозано соработува од почетокот на својата кариера.
Како и за сите други песни, така и за оваа Лозано и неговиот тим на соработници снимија видеоспот во прекрасниот хотел „Мирор“ во Скопје.
Како режисер на ова видео се потпишува Дарио Јанковиќ, односно Генерал Јанковиќ, а главната улога во спотот ја има една манекенката Ана Марија Јанковиќ.
„Со нетрпение ги чекав овој ден за да ја објавиме мојата најнова песна. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека мене ова ми е една од подрагите песни и мислам дека ја споделуваме со публиката во вистинско време“ – вели Лозано.
Лозано пред два месеци ја објави песната „После полноќ“, па денеска дојде редот и на „Ме нервираш“, а тој со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна.
*Комерцијална објава.


