ВИДЕО | „Случки од животот“: Помалку позната приказна за ќерката на Ѓорѓи и Шенка Колозови
Помалку позната приказна за Кристина, ќерката на Ѓорѓи и Шенка Колозови, е објавена на социјалните мрежи.
Препорачано
Од љубовта на легендарната актерска двојка се родија две ќерки, Катерина и Кристина.
„Кога татко и ќерка ја делат сцената. Кристина Колозова како Тања и Ѓорѓи Колозов како гостин во серијата ‘Случки од животот’ (1985). Потсетување на едно прекрасно време во кое со вистинско уживање ги гледавме сериите на Телевизија Скопје“, е објавено на Фејсбук страницата која го чува споменот на Ѓорѓи Колозов.
Во видеото се гледа како заедно глумат таткото и ќерката Колозови.
Инаку, љубовната приказна за Ѓорѓи и Шенка Колозови започнала во театарот. Шенка веќе била вработена, а Ѓорѓи малку подоцна. Во една прилика Шенка раскажа дека нивното запознавање не било романтично. Не било ни љубов на прв поглед. По цела година дружење и излегување со пријателите, сама по себе се родила и љубовта меѓу нив двајца.
Инаку, Колозов е роден на 26 февруари 1948 година во Богданци. Тој остана запаметен по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народното творештво, како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, Соединетите Држави, како и во соседните држави на Балканот.


