ВИДЕО | Словенечка реклама од 1993 година, во која Меланија Трамп глуми претседателка, стана вирална

Меланија Трамп повторно е во центарот на вниманието откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Поранешната манекенка со потекло од Словенија повторно ќе стане прва дама, откако во таа улога се најде за време на мандатот на Трамп од 2016 до 2020 година.

На социјалните мрежи сега се прошири снимка од словенечка реклама од 1993 година, во која Меланија глуми претседателка. На видеото се гледа како излегува од авионот и ја поздравува делегацијата, а потоа во придружба на обезбедувањето влегува во автомобилот и ја поправа шминката, подготвувајќи се за инаугурацијата. На крајот од снимката со широка насмевка на лицето дава заклетва.

„Можеби треба да се кандидира за претседателка“, пишува покрај виралното видео,.

„Не стана претседателка на Словенија, но постигна нешто подобро“, „Вежба од 1993 година“, „Можеш, Меланија“ гласат некои од коментарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот