Француска полиција/ EPA/TERESA SUAREZ

ВИДЕО | Славјето за новото финале донесе хаос во Париз – уапсени се над 100 хулигани, повредени 23 полицајци

Прославата на навивачите на ПСЖ по победата над Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите на УЕФА се претвори во нереди и инциденти низ улиците на Париз.

Според француските медиуми, во немирите биле уапсени 127 лица, а повредени се 23 полицајци, при што делови од градот беа сцена на вандализам и судири со полицијата.

Нередите фрлија сенка врз пласманот на ПСЖ во ново финале од Лигата на шампионите. Францускиот клуб втора година по ред ќе се бори за европската титула, а финалето е закажано во Будимпешта, каде ќе ја брани титулата на 30 мај против Арсенал.

Сцените од Париз потсетија на претходни прослави на навивачите на францускиот гигант, кога по освојувањето на трофеи во Лигата на шампионите беа регистрирани сериозни инциденти, вклучително и жртви, голем број повредени, пожари и масовни апсења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот