Скијач се спаси од лавина/Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Скијач се спаси од лавина во Италија откако отвори специјално воздушно перниче

Германски скијач преживеа лавина на планина во Италија благодарение на специјалното воздушно перниче што го донел со себе.

На видеото снимено од други скијачи, се чини дека лавината започнува на планината Кол ду Жеант, а германскиот скијач исчезнува под снегот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo (@leoloux_)

„Мислев дека е мртов“, рекол француски скијач кој бил очевидец. „Не можевме да го видиме и со таква лавина рековме дека е невозможно жив да излезе од таму“, додаде тој.

Како што рече, под местото каде што се случи одронот имало карпа длабока околу 25 метри.

Кога францускиот скијач и другите двајца очевидци му пришле на мажот од Германија, го нашле не само свесен, туку и без сериозни повреди.

Германскиот скијач бил превезен со хеликоптер и пренесен во болница, каде било констатирано дека се здобил со скршеници на ногата и на ребрата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот