ВИДЕО | Скандалозна тепачка на Тревис Скот со дечкото на Шер во Кан: Ги раздели обезбедувањето

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER//EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Раперот Тревис Скот наводно бил вмешан во физичка пресметка со Александар „АЕ“ Едвардс на забава во Кан, Франција.

Александар „АЕ“ Едвардс во моментот е во љубовна врска со Шер, а воедно е другар со поранешниот партнер на Кајли Џенер, Тајга.

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Раперите се степале на забава организирана по фестивалот во Кан, а видеото се шири на социјалните мрежи.

Познатите рапери биле во клуб во сопственост на тајкунот Ричи Акива, за време на Канскиот филмски фестивал во Франција кога се разгореле тензиите во близина на диџејската кабина. Се вели дека Тревис (33), заедно со неговиот другар Саутсајд, се судрил со А.Е., кој е близок со Тајга, поранешната на Кајли Џенер, која е мајка на децата на Тревис, пишува „Мирор“.

„А.Е. почна да го навредува Тревис. Сите нивни пријатели беа присутни на местото. Тревис се симна од сцената и се врати со Саутсајд, кој почна да вика по АЕ“, изјавил извор за „Ју-ес Викли“ (US Weekly).

Тој додаде дека Тревис се обидел да го турне А.Е. и потоа почнале да се караат. А.Е. потоа го исфрлил Тревис од бината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот