ВИДЕО: Скандал во Скопје, Бугарите се повлекоа од терен на мечот против македонските кошаркари

Момент од натпреварот Македонија - Бугарија/фото: принтскрин/youtube.com/@MAKBASKETTV

Во СРЦ „Кале“ во Скопје се одржува новиот кошаркарски проект на ФИБА „Заедно до 16 години“, а на истиот се случи скандал.

На натпреварот против Македонија, незадоволен од судиските одлуки селекторот на бугарската репрезентација ги повлече своите играчи од теренот.

Тоа се случи во моментите кога нашите кошаркарски надежи направија серија од 10:0.

По долги убедувања со делегатите и организаторите на овој настан, мечот по 20-минутен прекин во СРЦ „Кале“ продолжи.

На крајот Македонија триумфираше со конечен резултат 60:55 во рамките од првото коло од меѓународниот турнир во нашиот главен град.

На овој ФИБА проект во Скопје учествуваат и селекциите на Романија, Турција и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот