ВИДЕО | Скандал на Супербол: Контроверзната раперка го покажа знакот на ѓаволот среде натпреварот

Фото: Patrick T. Fallon / AFP / Profimedia

Се одржа уште едно спектакуларно финале на Националната фудбалска лига (НФЛ) познато како Супербоул, на кое присуствуваа голем број ѕвезди од различни сфери. Страсниот бакнеж на Тејлор Свифт и Тревис Келси го одбележа годинашниот натпревар, но со своето контроверзно однесување внимание привлече и раперката Ајс Спајс.

Контроверзната раперка, која пред сè го привлече вниманието на јавноста поради својот изглед и модна комбинација, времето го помина во друштво на Ешли Авињон, Тејлор Свифт и Блејк Лајвли. Таа носеше тесен комбинезон од новата колекција на „Баленсијага“, украсен со логото на брендот. Деталот што го додала беше ѓердан со приврзок-крст украсен со дијаманти.

Но, едно видео од раперката кое стана вирално на социјалните мрежи особено го привлече вниманието, каде Ајс е снимена како мавта со рацете додека го покажува „знакот на ѓаволот“, а потоа го допира и си игра со крстот околу нејзиниот врат. Овој потег на раперката предизвика хаос на социјалните мрежи, па се нижеа критики во коментарите.

„Прашање на време е кога ќе заврши како Доџа Кет“; „Ова е страшно, личи на ѓавол“, се само дел од коментарите, а многумина потврдија дека ова е навистина сатанистички собир.

Инаку, Ајс Спајс е родена во 2000 година, а како мала била принудена да расте со својот татко кој исто така бил рапер, додека нејзината мајка ѝ работела како продавач на автомобили.

ФОТО | Општо лудило: Страсниот бакнеж на Тејлор Свифт и Тревис Келси го одбележа годинашниот Супербол

Ашер нема да земе ниту еден долар за настапот на Супербол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот