Јаник Синер/EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Синер сигурно до финале во Мајами, ќе игра и за подвиг каков што немало девет години

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го совлада Александер Зверев со 2:0 во сетови (6:3, 7:6(4)) и така обезбеди пласман во финалето на мастерс турнирот во Мајами.

Синер ќе важи за голем фаворит во борбата за т.н. „саншајн дабл“, односно освојување на двата престижни турнири по ред, откако претходно триумфираше и на турнирот во Индијан Велс, а ако успее во тоа ќе го повтори успехот на Федерер од 2017 година кога Швајцарецот се радуваше на овие два трофеи.

За Синер ова е 11-та победа во низа, а во финалето ќе игра против Чехот Јиржи Лехечка, кој е 22-ри тенисер на светот. Финалето е закажано за утре во 19:30 часот. Лехечка во полуфиналето го победи Французинот Артур Фис во два сета.

Во женска конкуренција, финалето е закажано за вечерва, каде силите ќе ги одмерат Арина Сабаленка и Коко Гоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот